Во куќата во Верона во која според легендата живеела Јулија на Шекспир
се одржа првата венчавка, пренесе италијанската национална телевизија
РАИ.
Првите што имаа чест да го кажат судбинското да во некогашниот дом на Шекспировата хероина се фудбалерот на локалниот клуб Лука Чекарели и неговата девојка Ирена Ланфорти.
Градските власти на Верона најавиле дека во иднина планираат редовно да организираат венчавки во сенката на балконот под кој Ромео ја чекал својата сакана.
Куќата на Јулија во Верона секоја година ја посетуваат повеќе од 2,5 милиони туристи. Венчавката во овој историски објект за локалните жители ќе чини 600 евра, туристите од Европската Унија ќе плаќаат 800 евра, а сите други по 1.000 евра.
Групна венчавка на Колешинските водопади
Во облека по слободен избор, но сите со исти венчиња на главите, 25 брачни двојки денеска стапија во црковен брак под водите на Колешинскиот водопад.
Невести и младоженци на возраст од 30 до 60 години дојдоа од сите краишта на Македонија, да бидат дел од првата групна венчавка.
Среќни и возбудени, некои од нив и по 40 години заедничко живеење, реиле сега својата љубов да ја крунисаат пред Бога.
Со сите обичаи, групната венчавка ја одржаа тројца свештеници на МПЦ. Како што е редот, таа заврши со сечење на заедничка тортa
200.000 венчавки за 3 дена Бајрам во Египет
Saad Faraj, матичар од северен Каиро цел предходен месец, додека траеше светиот муслимански месец Рамазан немал работа, но тоа и те како ќе го надокнади во 3-те дена на Бајрам...
Празник со кој се обележува крај на месецот на постот е прилика за голем број на парови во Египет да го кажат судбоносното да.
"Поголемиот број од муслиманите во Египет склучувањето на брак за време на Рамазан го смета за непожелно, но во последната недела на Рамазан тие активно се спремаат за венчавка, па оваа година очекувам за 3 дена да има преку 200.000 нови бракови", изјавил тој.
Додека вие ги
пребројувате парите и се мислите дали ќе може да ги поканите сите и
колку ќе ве чини ресторанот, познатите фали уште да направат свадба на
Mесечината. Од најскапи деликатеси до ексклузивни венчаници, прстени и
познати изведувачи наменети да забавуваат.
Еве ги 10-те најскапи свадби на познатите.
1. Trista Rehn и Ryan Sutter -
4 милиони американски долари.Не е ни чудно кога сметката ја плати
најпознатата телевизиска мрежа Еј-би-си. Гостите имаа можност да
уживаат во деликатеси од 14 различни земји. За украсување на ранчот во
Калифорнија биле потрошени 30. 000 ружи.
2. Salma Hayek и Francois-Henri Pinault
- 3,5 милиони долари.Свадбата се одржа во април оваа година, во
романтичната Венеција. Веселбата траеше 3 дена. Од познатите
присуствуваа Penelope Cruz, Charlize Theron. Bono ги забавуваше гостите
што имаа можност да учествуваат и на венчалниот маскенбал.
3. Liza Minnelli и David Ges -
3,5 милиони американски долари.На свадбата присуствуваа 850 гости меѓу
кои Elizabeth Taylor, а Michael Jackson им беше кум. Гостите ги
забавуваше 60-член оркестар и познати музички имиња како Tony Bennett,
Stevie Wonder, Natalie Cole
4. Paul McCartney и Heather Mills
- 3,2 милиони американски долари.Невестата беше облечена во сопствена
креација која чинеше 40.000 долари. Свадбата се одржа во ирски замок,
во кој многубројните гости уживаа во ексклузивна вегетаријанска храна и
огномет.
5. Elizabeth Hurley и Arun Nayar - 2,5 милиони американски долари.Освен
што е една од најскапите свадби на познатите, таа е и најдолгата
свадба. Церемонијата се одвиваше на две локации, во замок во Британија
и во Индија и траеше цели 7 дена.
6. Elizabeth Taylor и Larry Fortensky - 2 милиона американски долари.Тоа
беше седмиот брак на актерката за кој реши да не штеди. Носеше
прекрасен фустан од Valentino. Свадбата се одржа на имотот на нејзиниот
пријател Michael Jackson.
7. Tom Cruise и Katie Holmes - 2 милиона американски долари.Свадбата
се одржа во италијански замок од 15 век, надвор од Рим. Гостите ги
забавуваше пејачката Andrea Boccelli и цел оркестар. За облеката на
парот се погрижи креаторот Giorgio Armani. Tom обезбеди и авионски превоз за гостите.
8. Christina Aguilera и Jordan Bratman - 2 милиона американски долари.Свадбата
се одржа во ноември, во Калифорнија на имот од соништата. Пејачката
носеше креација на Christian Lacroix во вредност од 30.000 долари.
Младите разменија венчални прстени што чинеа неверојатни 80.000 долари.
Приемот на гостите се одржа во шатор закитен со бели рози
9. Elton John и David Furnish - 1,5 милион американски долари.Нивната
свадба освен што значеше прославување на нивната љубов и заедничка
иднина, истовремено беше датум за помнење бидејќи на тој ден се
легализира хомосексуалниот брак во Британија. Свадбата се одржа на
имотот на Elton и на неа присуствуваа повеќе од 600 гости. Гостите имаа
можност да уживаат во шампањ од 120. 000 долари.
10. Tiger Woods и Elin Nordegren
- 1,5 милион американски долари.Најпознатиот голф-играч, свадбата со
шведскиот модел Elin ја одржа на плажите на Барбадос во 2004 година.
Свадбата беше крунисана со спектакуларен огномет, а за музиката се
погрижија Hootie and the Blowfish. Со цел да ја заштити својата
приватност, Tiger Woods ги изнајми сите 200 соби од луксузниот хотел.
“Од која причина би стапиле во брак или зошто сте се ожениле?” е
прашањето кое им е поставено на 367 мажи. За разлика од жените, кои
главно одговориле: “Зошто го сакам”, мажите имале сосема други одговори.
- За посигурна финансиска иднина – 74%
- Затоа што го сакала тоа жената – 64%.
- За кариера – 59%.
- Да засноваат семејство – 52%.
- Зошто детето е на пат – 44%.
- Поради осаменост – 38%.
- Поради традиција – 33 %.
- Конечно да се смират – 31%.
- За репрезентација – 29%.
- Поради лојалност – 25%.
- Од романтика – 23%.
- Зашто идната невеста има пари – 20%.
- Од страв од старост – 19%.
- Потреба за сигурност – 17%.
- Од љубов – 10%.
Ќерката на познатиот милијардер Доналд Трамп, Иванка се омажи за
сопственикот на "NewYorkObserver", Жаред Кушнер. На свадбата имаше
околу пестотини гости. Доналд Трамп не го криеше своето задоволство од изборот
на неговатаќерка. Родбинските врски со
богатото семејство Кушнер ќе ја зголеми финансиската моќ на семејството Трамп.
Невестата
носеше венчаница креирана од Вера Ванг. Тијарата која го придружуваше велот чинеше
45.000 долари, обетките 130.000, а нараквицата беше во арт деко стилот и чинеше
90.000 долаери.
Нејзините деверуши беа облечени во фустани креирани од Каролина
Херера, а накитот беше од колекцијата "DynamicDiamond" кој го дизајнираше
самата Иванка.