Skip to content
Site Tools
Narrow screen resolution Wide screen resolution Auto adjust screen size Increase font size Decrease font size Default font size default color blue color green color
You are here: Дома arrow Катче за гостите
Катче за гостите

Добродојдовте драги посетители,

Во ова катче можете да ги добиете повеќе информации за свадбените обичаи, а воедно ќе ви овозможи да се потсетите на Вашите среќни мигови од животот. Ќе ви овозможиме порелаксирано да размислите за изборот на поклонот кој  секогаш е тема за размислување, каков да биде подарокот, убав, користен, оргинален, не прескап, модерен, традиционален.... или пак едноставен преточен во едно “плико”. Во случај да немате доволно време да го направите изборот секогаш има решение, купете една прекрасна честитка и кон неа придружете го “пликото”.

Затоа одлуката не е ни малку лесна, останува на Вас да се одлучите како
в подарок ќе изберете. Изборот треба да биде внимателен, не значи тоа нешто што ќе ви се допадне вам, ќе им се допадне и на младенците.


Пред да дојде до склучување на брак меѓу младите, вообичаено беше тие да се познаваат да биле бендисани. Бендисувањето се правеше на свадби, селски слави и веселби, на поседенки, а секако најмногу и најдобро кога чупите (момите) одеа по вода на чешма или на В’мбла, во вечерните часови, а по завршувањето на тешката земјоделска работа. Во исто време излегуваа и беќарите по сокаците од каде што поминуваа чупите или одеа до Гинов, па од таму ги придружуваа до нивните домови, помагајќи им понекогаш да ги донесат тешките ѓумови. Овој ритуал беше традиционален. Девојката имала сто и еден начин да го одбие ергенот, ако не и се бендисувал и обратно да го придобие. Во многу случаи бендисувањето имало маалски карактер, ако младите не биле во родбинско сродство. Значи,  блиските врски меѓу младите беа резултат на меѓусебна љубов. Младите во договор со родителите одлучуваа кога да стапат во брак. Многу одамна ако родителите на девојката не се согласуваа, тогаш имало бегство или во најлош случај ергенот ќе одлучел да ја кради младата, со нејзината согласност кога таа се враќала од вода. Ако требало на момчето му помагале други ергени, пријатели и роднини........................Прочитај повеќе


Во современата свадба многу од обредите се разликуваат по формата и значењето од традиционалните, младенците сами си ги избираат сведоците, а низ обичаите се настојува да се истакне семејниот статус

За стапувањето во брак, како еден од најубавите моменти во животот во Македонија и во културите во светот, се изведуваат многу обичаи. Целта на изобилството свадбени обичаи, кои се изведувале од дамнина, е да го направат побезболен преминот во новиот социјален статус на младите, да им се обезбеди среќен брак, плодност и благосостојба и да се зацврстат врските меѓу нив и нивните семејства. Од традициските обичаи некои се задржале и се изведуваат и денес, но многу од нив се разликуваат по формата и значењето.

Во современата свадба особено доаѓа до израз прекумерното трошење (дарови, прослава во кафеана, музика, канење голем број гости), со што семејствата настојуваат да се покажат во што подобро светло. Истакнување на статусот на семејството имало и во традиционалната свадба, но тој повеќе имал скриена функција. Потврда за тоа може да се најде во изборот на брачен другар во ранг на односното семејство, во даровите и во избирањето најдобра музика. Разликата е во тоа што денес се нудат повеќе форми на истакнување на статусот на семејството, но и во сменетиот систем на вредности. Моќта на традиционалното семејство се гледала во големината на земјата и добитокот, бројот на сродниците и на децата. Сите трошоци за подготовките за свадба биле во доменот на таа семејна економија. Денес статусот на определено семејство се гледа и во неговиот потрошувачки дух. Современата свадба ја нема разгранетата "структура" како традиционалната (времетраење, обредна носија и песни и изведување обичаи). Од некогашните обреди (носење жито на воденица, китење на бајракот, канење на девојките за редење на чеизот; месење на обредниот леб "сваќа", одење по невестата, деверисување, првиче, итн.), денес најчесто се изведува свршувачката, а на денот на свадбата, во доста изменета форма, и некои од обичаите при заминување на сватовите по невеста (се оди со најдобриот автомобил по невестата, а некои изнајмуваат луксузни лимузини): влегување во домот и деверисување на невестата, нејзино одведување и воведување во новата куќа (најчесто крената од сопругот) и пречекорување на прагот со десна нога.


Во претсвадбените обичаи во минатото големо внимание се посветувало на канењето. Семејствата на младоженците канеле со карта вино накитена со китка босилек, црвен конец и со едно црвено јаболко украсено со пара.

Со особена чест се канел кумот. Освен со карта вино, го канеле и со погача специјално месена за таа пригода. На кумот му се давале погачата и картата вино, за да се напие и му се обраќале со зборовите: "Повели да дојдиш на свадба". Тој благословувал: "Фала, нека се живи и здрави младенците". Се напивал од виното, картата ја дополнувал со свое вино, а враќал дел од погачата во торбата, откако ќе ручал со тие што го поканиле, најчесто со деверот. На јаболкото потоа "ковал" пара. На истиот начин се канеле старосватот и другите роднини. Порано се канело цело село на свадба, па дури и некој непознат, бидејќи "можело и Господ да се сретни на пат и тој да бил мил гостин". Во некои предели на Македонија (Мариово, Тиквеш, Прилепско-битолско Поле, Мијачија) се канеле и умрените.

Денес кумот и другите сведоци и гости се канат со специјално подготвени покани што им ги носат дома, а некои канат и во кафеана. Промената на кум без негова прочка се сметало за голем грев и Божја казна. Љубовните врски со кумот се сметале за едни од најголемите гревови, за кои следуваат најголемите казни. И карање или лажење со кумот било недозволиво, бидејќи "на сцена" може да стапи "кумовата клетва". Ако брачната двојка направела некој од овие престапи и и се случела некоја несреќа, според народните толкувања, се велело дека младите ги фатила казната од клетвата на кумот. Прекинување на кумството се случувало само во најтешки случаи, на пример, кога "децата не траат" (кога децата на младиот брачен пар им умираат). Освен во ваков случај, кумството можело да се прекине ако во семејството на кумот, но и во другото, она на кое му е кумувано, имало само женски наследници, кои по правило не го наследувале кумството. Денес, според Петреска, личноста на кумот е застапена на свадбата, но ретко се наоѓа традиционална верба во ликот на кумот. Кај младата генерација, повеќе во руралните средини, често стариот кум си ја продолжува обредната улога, со образложение дека, иако не се плашат од кумовата клетва ако го сменат главниот сведок, "не чини да се промени кумот ако тој сака да си ја врши улогата". Денешната економска криза наметна откажувања од кумството бидејќи, според непишано правило, улогата на кум подразбира многу материјални издатоци.
Во урбаните средини младите најчесто сами си ги избираат закониците за склучување брак, без претходна согласност од стариот кум.



За целосно прифаќање на невестата во новата куќа, значајно место имала нејзината чесност, која се прославувала со обичајот "блага ракија". Ако невестата била чесна, свадбата продолжувала во наредниот ден - во понеделникот, со служење блага ракија и повторно со канење на свадбарите, а во многу случаи се горела и шамијата на свекрвата. Овој обред значел дека од тој ден не е пожелно свекрвата да раѓа, односно може да се толкува и како начин за разрешување на скриениот конфликт меѓу различните старосни генерации. По овој обичај, невестата се носела на вода, а потоа се испраќале "закониците" - кумот и старосватот. Ако невестата не била чесна, свадбата престанувала и сите обреди се прекинувале. Нечесната невеста најчесто ја враќале дома или, пак, нејзиниот татко морал да даде дополнителни давачки. Иако го нема поранешното значење, и денес има семејства кај кои свадбата завршува со "блага ракија", по што многу брачни двојки заминуваат на свадбен пат.


Секој Петровден, повторно е празник за очите и воздишка за душата, раскошните носии, езгиите, величествените обреди и ритуали на единствената Галичка свадба, чие пошироко значење своја круна добива со влегувањето во ризницата на духовни вредности на човештвото што се под заштита на унеско.

Чинот на свадбата

Порано свадбарските церемонии траеле пет дена, а традиционално свадбата се одржувала на Петровден. Секој ден од свадбата има посебни обреди што се изведуваат по утврдени обичаи.

Пет дена пред Петровден се собира папрат и јаворово дрво од кои во дворот на младоженецот се прави колиба во која се сместуваат тапанџиите кои доаѓаат од Дебар.

На две вечери пред Петровден се реди бајракот. Редењето се врши на свечен начин во присуство на гости кои се поканети да дојдат на обичајот редење на бајракот. Гостите се гоштеваат и околу полноќ почнуваат со неговото украсување со разни цвеќиња. Во таа прилика девојките пеат пригодни песни за неговото украсување........................................Прочитај повеќе

Видео клип од Галичка свадба



Во животот на исламизираните Македонци, свадбата има видно место како традиција исполнета со низа специфични фолклорни карактеристики својствени за македонскиот народ. Се разбира, под влијание на исламот, некои обичаи се трансформирани или изоставени, но во реканската средина наполно се зачувани од предисламскиот период.

Исхраната и јадењата поврзани со повеќето фази на свадбата (од свршувачката до првичето) се мошне специфични, кои не се менуваат и на свадбата ù даваат посебна реканска карактеристика што не се среќава во другите области со исламизирани Македонци.

При свршувачката, се практикува еден интересен обичај од минатото во селата на Река. Имено, стројникот носи во пазувата шамија од умрен човек (кој бил врзан со шамијата на вилицата и главата – рекански муслимански погребен обичај), а со себе носи и шеќерче, бидејќи одел за добра работа. Улогата на шамијата има магијско својство во смисла: „Колку што зборет мртовецот толку да зборет бабото (таткото) на цуцата, просто устата да му се врзе.“ Притоа стројникот постојано мешал со машата во огнот или собата (шпоретот) да искрат дрвата со цел цуцата да му ја дадат. Како добри денови за стројници се сметаат недела навечер спроти понеделник и среда навечер спроти четврток.

Обично под свадба се подразбира денот кога се зема невестата. Според тоа, свадба е церемонијата што се прави кај машката страна, бидејќи во реканскиот регион за женската страна не е задолжително да се изложува на трошоци и да прави свадбарски јадења. Невестата може да биде и бегалка, и во тој случај свекорот за својот син прави свадба. Свадбата е задолжителна само за машката страна.

Неколку дена пред овој свечен церемонијал, од страна на свадбаленот, а тоа се таткото и мајката на младоженецот, се праќаат золеми (повикувачи). Тоа се или деца или возрасни кои одат од куќа до куќа во селото и околните села и им се обраќаат со зборовите „Имаш селам од бабо ми, те викаме на свадба“ и се соопштува денот кога е свадбата.

Сите подготовки за свадбата се завршени. На денот уште рано изутрина се коле крупен добиток (вол, јунец или крава) во зависност од тоа колку куќи се поканети на свадбата. Месото се сече пред почетокот на свадбата и се става во казанот за варење.

За свадбата по традиција се прават следните јадења: чорба, месо, пилав и алва.

Свадбата најчесто се одвива под ведро небо, од утринските часови па сè до доцна навечер. Неизоставен дел од свадбата е и традиционалната реканска музика со зурли и тапани.

 

Perle Noire
 
megastar_logo1.jpg
 
balonart.jpg
 
logo.gif
 
barbi1.jpg
 
malareklama.jpg
 
malareklama.jpg
 
malareklama.jpg
 
malareklama.jpg
 
malareklama.jpg

desno.gif
 
 
bio_logo.jpg
Радио Роса во живо
play-button.jpg
Радио за мерак
makedonska_kafana.jpg
Македонска кафана
culturemap.jpg
 
damegruev_link.jpg
 
radiolav1.jpg
 
prespana_banner_final.gif
 
mag_logo.jpg
 
muzickamladina1.jpg
online - ORAKUL
http://sanovnik.biz/index_mk.php
strugaportal.png
mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенеска57
mod_vvisit_counterВчера70
mod_vvisit_counterОваа недела522
mod_vvisit_counterОвој месец296