|
Добродојдовте драги младенци,
Веб
страната www.svadbi.com.mk е направена првенствено за Вас, да Ви
помогне во подготовките на Вашата венчавка и свадба, да ве информира,
разоноди и поттикне на креативност..........се со желба Вашиот
избран ден, да биде посебен и ден за помнење..........
Подгответе се за вашата свадба
Изборот
на венчаницата е многу захтевна, напорна и долготрајна работа. Како да
се организирате и подготвите за венчавката - прашања кои треба да си ги
поставите:
- Како и каде да започнеме со избирањето на венчаницата?
- Прашања кои треба да се постават во салонот за венчаници?
- Како да се заштеди?
- Стил и израз на венчаницата
- Стилот на струкот, деколте, нијанси
- Тајна на правиот избор
Историјата за венчалниот фустан како посебна свадбена облека датира од времето на Римјаните. Римската невеста на денот на венчавката носела долга бела туника со тенки пруги на неа.Препознатлив детал во жива црвена боја бил таканаречениот фламеум односно вид на превез со кој невестата ја покривала главата.
Белата туника го симболизира почитувањето и чистотата, невиноста, додека црвениот превез и оневозможувал на невестата да го види својот избраник пред за тоа да дојде време. Тоа бил мигот на влегувањето во заедничката брачна ложа.
Но, народните преданија даваат уште едно објаснување за носење на превезот, односно дека тој се користел со цел невестата, еднаш штом го напушти домот тргнувајќи во новото живеалиште, да не може веќе никогаш да го пронајде патот до родителската куќа.
Од тогаш до денеска модата извршила огромно влијание венчаницата да стане култен фустан за секој жена, како специјален дел од гардеробата кој треба на жената да и овозможи чувство на посебна несекојдневна убавина на денот на венчавката.
Каков костум ќе избере младоженецот зависи од тоа колку е формална венчавката и за кое годишно време се работи. Ако венчавката е класична и со традиционални обичаи, креаторите препорачуваат смокинг, свечен костум или фрак. Но ако венчавката е поопуштена или се организира на отворено, класичен костум од фини материјали и добро усогласени детали ќе биде полн погодок.
Прелистајте го нашиот адресар на продавници и услуги, тука ќе пронајдете се што ви е потребно за вашата венчавка.
♥ Адресар со линкови
Бурмата е симбол на љубовта и врската, нежен знак на нежност и верност. Ниту еден друг драгоцен предмет нема таква емотивна вредност. Затоа бидете пробирлив кога се работи за такво нешто како што е вашата бурма.
Бурмите се со вас и до добро и во зло. симболизирајќи го стално присуството на вашата сакана особа.
Од таа причина треба да се биде пробирлив и захтевен кога бурмите се во прашање, а ние како нивни креатори посебно внимателни. Хармонија на убавина и квалитет, која вечно ќе ги симболизира вашите најдрагоцени мигови.
Покрај големиот избор на бурми кои веќе ги имаме во нашата понуда, во нашите продавници имате можностда се запознаете со водечките европски производители на бурми. Врвниот дизајн и најновата технологија на изработка овие бурми ги чинат да бидат единствени и уникатни.
Долниот
веш е подеднакво важен за денот на вашето венчавање како и самата
венчаница со разлика што нејзе ја носите поради гостите, а долниот веш
за себе и секако за него.
Златни правила:
- не штедете на квалитет
- кројот на градникот нека биде во склад со деколтето
- рабовите на градникот и гаќичките не смеат да се назираат испод венчаницата
- корсетите добро изгледаат и ги покриваат критичните места, али не се многу комфорни
- пред венчавката пробајте го долниот веш со венчанициата на дневна светлост
- не инсистирајте на секси кроевитеи push up градниците. На венчавката треба да изгледате гламорозно, а не секси
- хулахопките заборавете ги, али никако еден пар резервни чорапи.
Сигурно сте се запрашале колку ќе ме чини венчавката, свадбата?
Еве имате можност со помош на нашиот калкулатор извршите груба пресметка на тоа задоволство, а покасно можете да ги внесете точните суми за секоја ставка.
♥ Превземи го калкулаторот
Искористете ја можноста да преку нашата веб страница го најавите Вашиот најсреќен ден во животот.
Најавата на венчавката – свадбата е убав гест, обичај кој се негува низ целиот свет.
Доволно е само да го пополните образецот и доставите по електронски пошта.
♥ Превземи го образецот
На оваа страница можете да ја пронајдете идејата за романтичните редови
за свадбените покани кои ги чуваме и после венчавката, за вашите
здравици и честитки со кои ќе ја збогатите свадбената веселба..............
|
♥
|
Во сабота на 20 март 2009 година ќе стапат во брак нашите деца
Снежана и Горан
По тој повод ве покануваме да присуствувате
на нашата заедничка семејна веселба
во ресторан Три бисери
Прием на гости од 19.00 – 19.30 часот
Семејство Тодоровски Семејство Стојановски
|
| ♥ |
ЉУБОВНА ПРИКАЗНА
Главни ликови:
Марина Томовска и Стево Митревски
Споредни ликови:
Кумот, Старосватот, роднините и пријателите
Опис на случувањето:
Свадбена забава
Датум на случувањето:
19 мај 2009 година
Место на случувањето:
ресторан Мирко
Режија:
Нашите родители
|
| ♥ |
Ќе ни биде особена чест и задоволство
ако и Вие присуствувате на венчавката на нашите деца
Бисера и Горан
во Соборниот Храм Св.Климент Охридски
на 16 јули 2009 година
во 18.00 часот
Свечна вечера и прием
во ресторан Каскада од 19.30 часот
Ве покануваат семејствата Велјановски и Атанасови
|
| ♥ |
Вистинските љубовни приказни немаат крај........
Поделете го со нас почетокот на заедничкиот живот.....
Александар и Ивана
Ве покануваат семејствата Петкоски и Накови
На 10 октомври 2009 година
Ресторан Под Кале Скопје
Прием на гости од 19.00 – 19.30 часот
|
| ♥ |
Бидејќи сте дел од нашите животи,
поради вашата љубов и пријателство,
по задоволство Ве покануваме заедно да го прославиме
24 јуни 2000 г (сабота)
како ден за нов почеток
Анастасија & Стефан
Семејство Семејство
Антевски Цветановски
Свечен прием во хотел Холидеј Ин Скопје
Од 19.00 часот
|
Испланирајте
ја Вашата венчавка и свадба сами. Вие секако сакате Вашата венчвка да биде совршена, бурмите перфектни, венчаницата како од бајка, ресторанот
да биде со стил, музичкиот бенд да знае да направи атмосфера,
фотографот да ги овековечи важните моменти, тортата да биде за помнење
....
Сето ова можете да го организирате беспрекорно со
однапред подготвена листа на обврски кои треба да се завршат по некој
ред и завршените обврски да ги прецртате кога ќе бидат исполнети..
Ние ви даваме предлог како тоа да го организирате, календарот ќе го прилагодите на времето кое ви стои на располагање.
♥ Превземи го календарот
|